Проблемите за Вардар се зголемуваат: Ниту Скубе нема да игра против Пекинг!

По завршувањето на репрезентативните обврски во ЕХФ неделата, ракометарите на Вардар се враќаат во СЕХА лигата. Утре вардарци гостуваат кај дебитантот во СЕХА лигата, тимот на Пекинг СУ во Загреб. Тоa ќе биде последна контрола пред дуелот со Мешков во Лигата на шампионите.

Ракометарите што беа со своите репрезентации директно заминуваат за Загреб, а оние што тренираа во Скопје денеска ќе им се приклучат. Вечерва ќе тренираат заедно, а утре натпреварот е закажан за 17:15 часот. Вардарци веднаш по мечот се враќаат во Скопје и почнуваат со подготовките за средбата од ЛШ.

Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје да им биде извршен лекарски преглед, а Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира и да мирува. Тие се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат.