Пријателски натпревари: Тунис ја изненади Полска, Kристопанс донесе победа за Летонија

Селекциите што се подготвуваат за континенталните собири веќе започнаа со пријателските натпревари.

На турнирот во Гдањск, Јапонија ги совлада „лалињата“ со 33-30, додека домаќинот Полска беше изненаден од Тунис и загуби со 30-26.

Пикерот на Вардар, Патрик Валчак, беше во ростерот и постигна еден погодок, додека Јан Чувара, крилото на „црвено-црниот“ тим, не играше на овој натпревар.

Соседите Летонија и Литванија одиграа нерешено, 31-31, па изведуваа пенали по кои беше подобар домашниот тим.

Најдобри поединци на теренот беа Даинис Кристопанс со седум гола за Летонија и Аиденас Малашинскас, кој беше стрелец на девет гола за Литванија.

Саудиска Арабија се наоѓа на подготовки во италијанскиот град Чиети, каде славеше против Белгија со еден гол разлика.

Пријателски натпревари, резултати:

Македонија – Кувајт 31-21
Романија – Турција 26-24
Египет – Катар 26-23
Холандија – Јапонија 30-33
Полска – Тунис 26-30
Летонија – Литванија 35-34
Белгија – Саудиска Арабија 24-25