Прилеп ја совлада Струга и го презема второто место во плеј-аутот

Ракометарите на Прилеп остварија победа на домашен терен во 9. коло од плеј-аутот во Супер лигата против составот на Струга со 33:31 и го преземаа второто место на табелата.

Прилеп започна добро и имаше почетно водство од 5:3, но Струга одговори и веднаш израмни. Следуваше добра серија на домашниот тим за највисоки четири предност 10:6 кон средината на првиот дел.

До крај на првото полувреме Прилеп успешно одржуваше предност и на паузата водеше 18:15. На почетокот на вториот дел стигнаа до највисоките шест гола позитива која беше добра залиха за конечен триумф до крај на дуелот во мирна завршница.

Најефикасни во победничкиот тим беа Хари Павлов со осум гола и Христи Бикоски со седум. Во составот на Струга најрасположен беше Жарко Барјактаревиќ со девет гола, додека шест постигна Пеце Ѓоргиевски.