Прилеп убедлив против Радовиш

Ракометарите на Прилеп по двата порази од Охрид, славеа на пријателскиот натпревар против Радовиш.

Избраниците на Горан Кузманоски победија со 41-33, откако и на полувремето имаа плус четири гола предност, 19-15.

Главниот тест за прилепчани ќе биде меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ од 31 август до 2 септември.

Таму Прилеп ќе игра против Струга и Тиквеш во групната фаза, а потоа уште еден меч за пласман.

Суперлигата почнува за прилепчани на 8/9 септември со гостување кај тимот на Бутел Скопје.