Прилеп се засили на десен бек – потпиша српски двометраш

После Христијан Милошески и неколкуте продолжени договори со најискусните ракометари, тимот на Прилеп договори и десен бек.

За наредната сезона ќе смета на услугите и на Србинот Жарко Барјактаревиќ кој после одличните партии сезонава, во тимот на Јуниор Кисела Вода го привлече вниманието на раководството на клубот и тренерот Кузманоски.

Станува збор за 197 цм висок десен бек кој својата кариера ја градеше во екипите на Раднички Крагујевац, Железничар, Металопластика, Врање и последно екипата на Јуниор Кисела Вода.

Во својата кариера има настапи во ЕХФ Купот како и во дресот на младинската репрезентација на Србија.