Прилеп и Струга ремизираа на пријателскиот натпревар

Тимовите на Прилеп и Струга го одиграа првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Суперлигата.

Натпреварот заврши нерешено, 29-29, иако прилепчани по првото полувреме водеа со пет гола разлика, 19-14.

Двата тима ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што ќе се одржи од 26 до 28 август во Прилеп.

Прилеп и Струга ќе играат во групата А во суперлигашкото друштво заедно со Вардар, Вардар Неготино, Куманово, Бутел Скопје, Охрид и Алкалоид.