Прилеп има нов капитен (ФОТО)

Екипата на Прилеп, која пред неколку дена означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона 2023/24, доби нов капитен.

Бидејќи довчерашниот капитен, левиот бек Давор Шокоски, замина во Скопје, раководството на клубот одлучи капитенската лента да ја носи Филип Велески.

Заменик капитен во екипата на Прилеп ќе биде левото крило Христи Бикоски.

Прилепчани во текот на подготвителниот период ќе одиграат неколку пријателски дуели.

Од 24 до 28 август, ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ со учество на шест македонски и две странски екипи.