Прилеп доби хрватски шмек – ангажираше екс член на Нексе

Амбициозниот тим на Прилеп, кој новата сезона ја отвори со победа над Бутел Скопје, има нов ракометар во своите редови.

Станува збор за довчерашниот член на унгарскиот прволигаш Будаи Фаркасок, кружниот напаѓач Томислав Квастек.

Хрватскиот интернационалец покажа дека е квалитетно засилување и на првиот натпревар против Бутел Скопје беше втор стрелец со шест постигнати погодоци.

Кружниот напаѓач пред да се пресели за Унгарија, односно пред да потпише за Будаи Фаркасок, на своја адреса имаше и понуди од Тримо Требње, Дубрава Сесвете…

21-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше и за хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице и за Умаг.

Прилеп во второто коло ќе гостува во Скопје кај Пролет и ќе се обиде да запише нови три бода на свое конто.