Прилеп го донесе еден од најдобрите суперлигашки стрелци – потпиша Никола Цветаноски

Како што најави 24Ракомет, еден од најдобрите стрелци во Суперлигата, левиот бек Никола Цветановски, од следната сезона ќе игра за тимот на Прилеп, со кој потпиша договор на две сезони.

Стружанецот во прилепскиот тим ќе биде замена за довчерашниот капитен Давор Шокоски, кој си замина од матичниот клуб.

Тимот од Прилеп за новата сезона се подготвува да се вмеша во борба за плеј-офот, но сака да собере што е можно повеќе помлади играчи кои би биле основа и за следните години во Супер лигата. Тие веќе отсега се „фатија за работа“ и сакаат во новата сезона да влезат со што подобар тим и што побрзо да го направат.

Цветановски кој сезонава имаше забележителна улога за Струга, во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор и Голден Арт.

Прилеп за новата сезона го ангажираше кружниот напаѓач Томче Трајчевски од Радовиш, додека од клубот освен Шокоски си замина и грузискиот интернационалец Мириани Гавашелишви. Договорите ги продолжија голманот Иван Ангелески и левото крило Христи Бикоски.

Прилеп „прави тим“ – го купија Никола Цветановски од Струга