Прилеп ангажираше уште еден голман

Откако го донесе грузискиот репрезентативец Зураб Цинцадзе, ангажираше уште еден чувар на мрежата.

Станува збор за талентираниот голман Стефан Христоски, кој минатата сезона беше член на тимот на Охрид.

17-годишниот Христоски е висок 192 цм и сигурно ќе биде освежување во ростерот на тимот предводен од Горан Кузманоски.

Претходно тимот на Прилеп освен Цинцадзе, ги донесе Чантурија, Манчески, Чурлевски и Шокоски, а ги продолжи договорите со Бикоски и Амзоски.

Пред потпис се уште двајца грузиски интернационалци, левото крило Казеин Рустамов и левиот бек Мириан Гавашелишвили.