Ангела Камческа е ново засилување во Пелистер

Екипата на Пелистер продолжува со креирањето на ростерот за новата сезона 2023/24.

По ангажирањето на кадетската репрезентативка, голманката Дона Маркоска, клубот од Битола донесе нова ракометарка.

Прилепчанката Ангела Камческа е второто засилување во Пелистер за следната сезона, во која тимот ќе биде предводен од досегашниот тренер Адријано Котевски.

Камческа може да игра како десен бек и десно крило, па така битолскиот состав со нејзиното доаѓање ќе има повеќе опции во нападот.

19-годишната ракометарка со нејзиниот матичен клуб Деспина во сезона 2021/22 настапи во Европскиот Куп.

Во Пелистер се очекува да пристигнат уште неколку засилувања, по што ќе биде потврден тимот за новата сезона.