Адријано Котевски останува тренер на Пелистер

Еден од тренерите во Македонија кој има Мастер Коуч лиценца, Адријано Котевски останува на кормилото на Пелистер.

Прилепчанецот ја доби довербата од битолскиот клуб откако со неговите избранички ги оствари зацртаните цели во изминатата сезона.

Котевски тренерската функција во Пелистер ја презеде кон средината на месец септември минатата година и веднаш неговиот тим влезе во победнички ритам.

Пелистер ги доби дуелите на кои беше фаворит, обезбеди пласман во плеј-оф фазата, парираше колку што можеше на поквалитетните тимови и сезоната ја заврши на 6. позиција.

За сега е познато дека нова ракометарка во редовите на Пелистер ќе биде кадетската репрезентативка Дона Маркоска.