Прилепчани се потсетија на шампионските денови – 19 години од Куп титулата (ФОТО)

Екипата на Тутунски Комбинат Бренд која својот наследник сега го има во тимот на Прилеп 2010 на денешен ден пред точно 19 години ја освои својата прва и единствена титула во Купот на Македонија.

Прилепчани имаа одличен состав таа година и успеаја тоа да го крунисаат со трофеј. Го совладаа Вардар во полуфиналето, а Пелистер во финалето така што дојдоа до единствениот трофеј.

Во своите редови ТК Бренд тогаш ги имаше Данило Брестовац, Марјан Колев, Боро Шокоски, Кристијан Илиоски, Орде Илиоски, Страшо Илиоски, Горан Кузманоски, кој во моментов е тренер на составот на Прилеп.

Ова беше голем ден за ракометот во Прилеп, а со оглед на тоа што остана единствениот трофеј 7 април остана запишан со златни букви за ракометот во овој град.