Прилепчани им веруваат на своите – потпишаа професионални договори со четворица младинци

Раководството на Прилеп, по искусните Златко Везенковски и Александар Тренчевски, потпиша договори и со четворица младинци.

Станува збор за Сашко Манчески, Никола Стојкоски, Лео Дамчески и Стефан Лозаноски, за кои прилепчани тврдат дека иднината на нивниот ракомет.

Со ова уште еднаш се потврдува дека Прилеп им дава голема шанса на младите кои во иднина треба да бидат предводници на овој тим.

Избраниците на Горан Кузмановски во пролетниот дел од сезоната ќе имаат тешка задача да се изборат за опстанок во елитното друштво.