Признание за одличните партии – Митревски номиниран за најдобар голман во Португалија!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски втора сезона по ред пружа одлични партии на голот на Порто.

Тоа му донесе номинација за најдобар голман во 2021 година во Португалија, а негови конкуренти се голманите на Бенфика – Сергеј Ернандес и Густаво Капдевил, како и чуварот на мрежата на Спортинг, Мануел Гашпар.

Својот глас за Митревски може да го дадете на следниот ЛИНК.

Митревски минатата сезона освои тројна круна во Португалија, а на добар пат е и сезонава да го повтори истиот успех. Во ЛШ, Порто забележа победи над Келце, Фленсбург и Динамо, а одигра реми и со европскиот првак Барса.

Нов предизвик за битолчанецот ќе биде настапот со Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка од 13 јануари и дуелите против Словенија, Данска и Црна Гора.