Претседателот Стерјев го следеше тренингот на пелистерци и им посака среќа во новата сезона (ФОТО)

Проектот на Еурофарм Пелистер ја почнува третата сезона по потпишувањето на ракометната платформа во Битола.

На денешниот попладневен тренинг ракометарите и стручниот штаб ги посети претседателот на клубот Зоран Стерјев.

Тој ги охрабри ракометарите, им посака среќа и успех во сезоната која официјално почнува во Битола.

Предводени од Ларс Валтер, пелистерци ќе се борат на пет фронта – Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА лигата, како и Лигата на Европа.