„Претседателот ми кажа дека јас сум алката што недостига во Тиквеш“

Тимот на Тиквеш од Кавадарци за новата сезона ангажираше неколку нови ракометари, меѓу нив е и поранешниот младински репрезентативец на Србија, Срѓан Мијатовиќ.

Левиот бек редовите на Тиквеш ќе ги засили од швајцарскиот Берн Мури, клуб во кој настапуваше во пролетниот дел од минатата сезона.

Искусниот ракометар во разговор за порталот „Глас Српске“ истакна дека со трансферот во Тиквеш го направил правиот избор во неговата кариера.

„Минатата година бевме во мали преговори со Тиквеш, но не можевме да се договориме, па заминав во Италија, а потоа во Швајцарија. Сепак, веднаш по завршувањето на минатата сезона ми се јавија од раководството на Тиквеш, бевме во контакт, преговаравме околу еден месец. Сѐ што побарав, одобрија. Претседателот на клубот дури рече дека чувствувал дека јас сум алката што им недостасува. Со Тиквеш ќе играме и во Европскиот Куп, македонската лига е се подобра и подобра, има многу јаки дуели. Навистина немав дилема. И мило ми е што веднаш се решив, сега имам мирна глава. Добив план и програма за обврските на клубот за следните шест месеци. Знам кога се игра, кога е паузата, кога почнуваат подготовките… Почнуваме со работа на 31 јули. Искрено, и Базел сакаше да ме задржи, во принцип условите беа исти како што ги добив од Кавадарци, сепак тоа не ме привлекуваше, не беше како што замислував таму, не беше сериозна работата“, изјави Мијатовиќ за „Глас Српске“.

Мијатовиќ во својата кариера играше за Сасари од Италија, финскиот Кокс, Пуенте Хенил и Виља Де Аранда од Шпанија, како и за неговиот матичен клуб Борац од Бања Лука.

Тиквеш за претстојната сезона се засили и со голманот Јанко Гемаљевиќ, десниот бек Ани Обина и двајцата ракометари од Бутел Скопје, левото крило Мирко Мајиќ и левиот бек Мартин Манасков.

Тимот од Кавадарци во новата сезона освен на домашна сцена, ќе игра и во Европа и ќе биде дел од Европскиот Куп. Кавадарчани за ривал во рамки од второто коло во третото по ранг европско клупско натпреварување го имаат тимот на Кремс од Австрија.

Амбициозниот Тиквеш го потврди трансферот на Мијатовиќ