Преспа ја продолжи победничката серија, падна и Борец

Екипата на Преспа ја продолжи победничката серија во плеј-аутот од Првата машка лига откако во 5. коло на домашен терен го совлада составот на Борец со 29:22.

До средината на првото полувреме се играше рамноправно, а најчесто беше нерешено. Од 6:6 домашниот тим влезе во добар ритам и направи серија 5:1 за прво повисоко водство на една од екипите.

На полувреме Преспа водеше 15:11, а во продолжението натпреварот се одвиваше слично како во првиот дел. Преспа го контролираше резултатот и го одржуваше водството од првото полувреме.

Во финишот домашните само ја зголемија позитивата и стигнаа до нова победа, четвртта по ред. Најефикасен во домашниот тим беше Филип Шиклевски со седум погодоци, а по четири постигнаа Мишевски, Савевски и Тунтевски. Во тимот на Борец најефикасни беа Миленков и Мачевалов со по шест гола.