Преспа славеше во Делчево за први бодови

Ракометарите на Преспа ги освоија првите бодови во плеј-аут конкуренцијата од Првата машка лига откако славеа на гостувањето против Делчево Вардар со 23:28.

Натпреварот започна со минимално водство на гостите, но Делчево Вардар постојано беше во игра. Ракометарите на Преспа го чуваа водството но немаа сигурна предност која им гарантиреше мирно продолжение.

Сепак на полувреме гостинската екипа замина со највисоката предност што ја имаше во текот на првите 30. минути. Преспа имаше три позитива од 8:11. Почетокот на вториот дел повторно донесе неизвесност, Делчево добро започна и намали на 14:15 и најави голема борба до крајот на дуелот.

Преспа многу брзо одговори со серија од 4:0 и стигна до највисоко водство од пет гола. До крајот на дуелот гостите успешно ја сочуваа оваа позитива за прва победа во плеј-аут конкуренцијата, a ова беше втор пораз на Делчево Вардар.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ПРЕСПА 2015 23:28 (8:11)

Сала: СОУ М.М.Брицо во Делчево. Судии: Иван Јованов и Драган Јовановски. Делегат: Зоран Јовановски.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Атанасовски, Лазаревски, Ѓеоргиевски 4, Ѓорѓиев, Ѓорѓиевски 6, Шонтевски, Коларски, Манов, Јанков 5, Велков 1, Стоиловски 7, Дмајанов, Драгановски.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 2 мин.

ПРЕСПА 2015: Ристевски, Тасевски, Тунтевски 1, Башевски 3, Шбединовски 3, Шиклевски 7, Камчев 2, Савевски 4, Ќоевски 1, Георгиевски 3, Милошевски Џуклевски, Митиќ 4, Здравевски.

Седмери: 2/3. Исклучувања: 4 мин.