Преспа од минус шест до триумф над Македонија Ѓорче Петров

Ракометарите на Преспа ја остварија втората победа во плеј-аут конкуренцијата од Првата лига откако на домашен терен ја совладаа екипата на Македонија Ѓорче Петров со 23:21.

Гостинскиот тим имаше одличен почеток на натпреварот, Македонија ЃП поведе со 1:5, а брзо потоа беше и 2:8. Сепак финишот на првиот дел им припадна на ракометарите на Преспа кои усепаја да ја стопат негативата.

Со серија од 7:1 домашниот тим се избори за нерешен резултат на полувреме. После 30 минути игра беше 11:11. Почетокот на второто полувреме беше клучен за победникот, Преспа со уште една серија 6:0 обезбеди предност доволна за триумф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филиш Шиклевски со седум погодоци, а Били Мишевски постигна шест гола. Во екипата на Македонија ЃП по пет гола постигнаа Боби Неделковски и Дарко Јаневски.