ПРЕСИНГ: „Николај Велики“ и бесмртните Данци

Како ретко кога последните години, откако се пензионираше големиот Тјери Омејер, популарните „експерти“ беа надиграни во поле, со традиционално, слаба поддршка од позиција голман, немајќи што да бараат во натпревар на вакво ниво и противник од (нај)висок калибар. Николај Јакобсен, како своевиден феномен, на тренер со „интересен“ карактер и однос спрема своите играчи, покажа сериозен квалитет на тактичка поставеност, во натпревар(и) кои директно одлучуваа за медал.

Добредојдовте во мојата колумна ПРЕСИНГ, која за време на СП во Полска и Шведска   „се емитува“ на специјализираниот портал, 24 Ракомет

Данскиот национален тим, третпат во серија, го освојува трофејот на светскиот шампионат, влегувајќи во групата на „бесмртни“ селекции, победувајќи го големиот ривал Франција, па може да се каже и убедливо, без да му дозволи на протвникот да превземе водство во ниту еден момент од натпреварот. Се стекнува впечаток дека, во моментов, Николај Јакобсен е „тата“ за Жилиен Жил, поставувајќи игра и повлекувајќи потези, кои имаа директно влијание на текот и конечниот резултат од натпреварот синоќа.

КОГА ХАНСЕН Е ВО ФУНКЦИЈА НА ТИМОТ, А ГИТСЕЛ Е НАЈДОБРИОТ ДУЕЛ ИГРАЧ НА ДЕНЕШНИЦАТА

Интересно, втор натпревар по ред, селекторот на Данска, како скандинавска селекција која во континуитет има врвни играчи на крилните позиции (и се базира на квалитетот на истите), одигра со Киркелоке (десен бек по вокација) на десно крило, ставајќи го во функција на тимот и одбранбената формација. Уште еден момент, за играч кој се стави во функција на тимот, е примерот на (нај)големиот дански ракометар изминатите 15-тина години, Микаел Хансен, расен стрелец со „топ во рака“ и интелегенција и прегледност за изучување во учебник. Сепак, Хансен беше „сервис“ на бранот кој надоаѓа, поточно бранот кој е веќе тука и го бранува светот на ракометот.

Селекторот на Данска, во одбраната, покрај стандардната 6-0 зона, по рецептот на Жорди Ривера и шпанската ракометна школа, во одреден момент на противничкиот напад (најчество почетните моменти) постави, невообичаено, длабока зона спрема бековите на Франција, во обид да се анулира играта на Дика Мем и Нерим Ремили, да се донесат во ситуација да водат топка и да немаат добар залет. Во првите 15-тина минути, со солидна поддршка од Никлас Ландин, данската одбрана беше на ниво и со многу прекини го превзема стилот на игра од својот противник.

Finals – France vs Denmark, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Во таа ситуација, Јакобсен имаше „помош“ од својот колега Жилин Жил, кој ризикуваше со, сеуште, незазадравен и некомпетитивен, Никола Какрабатиќ, на левата бековска позиција, во стартната постава, чувствувајќи можеби морална одговорност спрема „најдобриот ракометар на сите времиња“ и овозможувајќи му да даде свој придонес во евентуалното освојување на уште едно злато на Франција. Неподвижен и тешко вклолив во играта, Никола Карабатиќ, заедно со односот на остварувањата на голманите на двете страни на теренот (Жерард и Ландин) се причините за почетната иницијатива и предност на идниот (стариот) шампион, предност која понатаму во текот на натпреварот Франција успеа да ја намали, но не и анулира комплетно. Жил понатаму ја увиде својата грешка и го замени со претходно (во полуфиналето) солидниот Пранди, по што и нападот на Франција беше многу поконкретен и побрз.

ГИТСЕЛ И КИРКЕЛОКЕ НА ЛУКА КАРАБАТИЌ СО РАЗЛИЧНИ ОРУЖЈА, А СО ИСТИ ЕПИЛОГ

Нападот на данците е друга приказна (или димензија ако сакате), маестрално поставен да ги истакне квалитеттите на играчите со кои располага Јакобсен (а богами има со што да се пофалат), со Питлик, Хансен и Гитсел на бековските позиции. Хансен во улога на организатор, со целиот багаж и искуство, имаше задача да промени место, најчесто, со, во моментов најдобриот дуел играч на планетата и подоцна МВП и најдобар стрелец на штотуку завршеното првенство во Полска и Шведска, Матијас Гитсел, напаѓајќи го Лука Карабатиќ, и на тој начин обезбедувајќи си простор за себе, за својот колега Питлик или Состранд како кружен напаѓач. Секако, во успехот на данскиот напад во многу „кумуваше“ и очекувано лошата партија на идната аквизиција на Кил, Винсент Жерард, кој не успева во континуитет да прикаже квалитетни партии, и покрај „билдањето самодоверба“ со изјави пред самото финале од страна на неговите соиграчи. За обележување е еден од потезите, со кои ја покажа својата класа селекторот на Данска, кога на играч помалку, го прекомандува Киркелоке на својата природна позиција, по убаво „извлекување“ на лева страна во полн залет да се обиде да го „торпедира“ Жерард. И успеа, во два наврати Киркелоке ја погоди мрежата на притивникот, како различен тип на играч од неговиот, сега, многу попознат колега.

Finals – France vs Denmark, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

ЛАУГЕ, МЕНСАХ, МЕЛЕР КАКО РЕШЕНИЈА НА НИКОЛАЈ „ВЕЛИКИ“ ДО ТРЕТОТО ЗЛАТО ЕДНОПОДРУГО

Овој детал, и особено оние кои следуваат во вториот дел, како внесувањето на веќе заборавениот Расмус Лауге Шмит, потоа Менсах Ларсен, вечно „вториот втор голман Кевин Мелер и Магнус Ландин (како опција кога измената е на „далечната страна“) како играчи кои дадоа голем придонес во одреден период и во одредена фаза на играта. Магнус Ландин успеа да ја згусне одбраната и неутрализира феноменалниот Мем (па и Валентин Порте) оставајќи го Питлик во игра да „влече“ полуконтра. Кевин Мелер одбрани клучни топки кога Ландин не беша на свое препознатливо ниво.  Менсах Ларсен, во ситуација на криза и безидејност, „распали“ по голот на неубедливите Дебоне и Жерард, а јунакот на вечерта, стрелецот на двоцифрен број на голови и главниот двигател на нападот на данците во втроиот дел, како вистинско изнендување, Расмус Лауге Шмит, одморен и свеж го напаѓаше противникот каде што е „најтенко“ на позиција четири, каде Жил ги менуваше Лука Карабатиќ и Гребил. Лауге ниту е непознат, ниту е спорен неговиот квалитет, но и неговиот талент. Младиот и талентиран Расмус Лауге Шмит, многу брзо од родната Данска се пресели во Германија, како еден од најперспективните играчи на својата позиција, среден бек разигрувач, кој може да шутне и одигра еден на еден, имајќи предвид интелегенцијата и физиката конструкција. Сепак, повредите во серија го ограничија неговиот развој и кариера. Затоа, веќе неколку години е „резервна варијанта“ во данската селекција.

Со овие потези, „вадење од нафталин играчи“ на еден натпревар за медал (и тоа златниот), ротација на голем број на ракометари, играјќи без класични крила (кои долги години беа еден од главните адути на Данска) на сметка на (по)црвста одбрана, свежи гол играчи и брза и квалутетна транзиција, Николај „Велики“ Јакобсен комплетно го надигра својот колега на спротивната страна, „покорувајќи“ го ракометниот свет и поставувајќи се себеси  во позиција да биде единствен тренер кој трипати едноподруго го освојувал златниот медал на мундијалите.

Најуспешната селекција во историјата, како ретко кога во историјата, во ситуација кога голманите на двете селекции беа со, горе долу, егал учинок (Данска малку подобра но не за да пресудои на натпреварот), беше надиграна „во поле“ и заслужено е поразена. Со веќе спомнатиот учинок на голманите, „тивок“ Дика Мем и најважно, без препознатливата игра „на месо“ со многу физички контакт, „екпсертите“ ќе покаат до своет следно злато на големите смотри.

Finals – France vs Denmark, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

НИКОЛОВ И НАЧЕВСКИ ЈА ПОТВРДИЈА КЛАСАТА

Како ретко кога, судиите на овој натпревар беа, скоро невидливи, што е најдобар показател за одлично завршената работа, во која никој не се сомневаше. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов долги години нананзад се едни од најдобрите судиски двојки во раккметот, со аворитет кој „запрепастува“, со прецизност и стручност како предуслов за влез во вакво друштво, каде „се делат“ најсјаните одличја. Таму тешко се доаѓа, уште потешко се останува. Македонија, преку СЛаве и Ѓорѓи е таму веќе подолг период.

ВООДУШЕВЕНИ ОД ИГРАТА, РАЗОЧАРАНИ ОД ЛУЃЕТО КОИ ГО ВОДАТ РАКОМЕТОТ

И во моментите кога сите бевме фасцинирани од натпреварот кој штотуку заврши, од Гитсел, Јакобсен, Лауге, ритамот на полуфиналните натпревари, или на оној Илсанд – Шведска, на грчот со кој Франција го одигра финалето …. можевме да бидеме сведоци, уште еднаш по којзне кој пат, во чии раце е оставен најубавиот спорт, луѓето кои на светско ниво го водат ракометот. Луѓе со филозофија на делување од минатиот век, или тој пред него, луѓе кои не знаат да го глобализираат истиот, монетаризираат (или уновчат што би рекле на север), да го направат поразбирлив, зошто со правилата кои ги имаме заедно со ватерполото се нај нејасни спортови за пошироката јавност (а таа глобализира и монетаризира), да го унапреди со контрола на судењето, ограничувајќи ја моќта на „луѓето во црно“, можеби ограничување на време во напад  итн…

Со надеж дека ќе дојдат некои подобри времиња, се гледаме и читаме на следното големо натпреварување.

До тогаш, читајте ракомет!

Горан Ѓоргоноски,

Поранешен ракометен репрезентативец и основач и носител на проектот Ракомет За Секое Дете