ПРЕСИНГ: Кога „резервистите“ се подобри од “ѕвездите”, а карактерот не признава фаворити

Но, колку може да биде изненадување една селекција која повеќе години работи на воспоставување на скандинавски систем, предводени од исландски селектор во континуитет од повеќе години, која во своите редови има играчи од екипи како ПСЖ, Магдебург, Лемго итн...кои поминале повеќе филтри пред да дојдат да настапуваат за врвни клубови? Впечатлив е моментот на компарирање на „лалињата“ со една многу поуспешна селекција како што е Исланд, од аспект на конституција на ростерот на играчи, нивните физички предиспозиции, без изразена висина, брзи, технички подготвени, но и склучително цврсти. Во таа ситиација, Холандија е предводена од Исланѓанецот Ричардсон. Случајно, нели?

Второто коло поделено во два дена е комплетирано со вчерашните дуели во кои нависитина имаше што да се види. Лично, навикнувајќи се на ситуацијата со Ковид „циркусот“ на позитивини-негативни играчи се обидувам да ја гледам другата страна на медаљата. Нови, млади играчи продефилираа, дел од нив со деби настапи, добија шанса да играат со големи селекции, прикажувајќи се во одлично светло. Овој шампионат во вистинско светло ни покажува која селекција со каков „базен“ на играчи располага, имајќи предвид дека една Хрватска промени дури 35 играчи, а Исланд играше без 10-тина првотимци против Франција, и ја шокираше ракометна Европа.

Добредојдовте во мојата најнова ПРЕСИНГ колумна за ЕП во Унгарија и Словачка

РОГАНОВИЌ СО ШИРОКА РОТАЦИЈА ПАРИРАШЕ НА ХОЛАНДИЈА, РЕЗЕРВИСТОТ ВАН ЛЕЈВЕН „ГИ РЕШИ“ ЦРНОГОРЦИТЕ

Црна Гора во првиот натпревар како „фаворит“, имајќи предвид сериозните Ковид проблеми на Холандија, комплетирањето на сопстевниот ростер и прикажаните игри, не успеа да освои многу важни бодови против „супер изненадувањето“ Холандија. Но, колку може да биде изненадување една селекција која повеќе години работи на воспоставување на скандинавски систем, предводени од исландски селектор во континуитет од повеќе години, која во своите редови има играчи од екипи како ПСЖ, Магдебург, Лемго итн…кои поминале повеќе филтри пред да дојдат да настапуваат за врвни клубови? Впечатлив е моментот на компарирање на „лалињата“ со една многу поуспешна селекција како што е Исланд, од аспект на конституција на ростерот на играчи, нивните физички предиспозиции, без изразена висина, брзи, технички подготвени, но и склучително цврсти. Во таа ситиација, Холандија е предводена од Исланѓанецот Ричардсон. Случајно, нели?

Nemanja GRBOVIC (90) and Luc STEINS (12) during the handball match Montenegro vs Netherlands, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 22.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Момците на Зоран Рогановиќ, во некарактеристичен, за нивните настапи на ова ЕП, грч го одиграа овој натпревар, од една страна обидувајќи се да се наттрчуваат со „скандинавскиот“ стил на Холандија, од друга страна немаа решение за шестата замена на голот на противникот. Да, здравствениот работник Тијс ван Лејвен, мораше да земе „неплатен одмор“ од работа, да се спакува и да „лета“ за Унгарија. И притоа да биде играч на натпреварот, играч (во случајов голман) кој можеме да кажеме го одлучи победникот. Црна Гора одлично го стартуваше натпреварот, предводени од 19-годишниот Чепиќ и првиот шутер Бранко Вујовиќ, како и Небојша Симиќ на голот. И се одеше според планот на стручниот штаб на Црна Гора, до моментот кога селекторот Рогановиќ, со цел да го издржи ритамот со тркачки посилниот противник, почна да ротира добар дел од играчите од стартната постава, создавајќи широка ротација. И за воља на вистината, Црна Гора на терен изгледаше солидно, прикажувајќи игра која како резултат на поставениот систем, во одеден период од натпреварот на површина „вадеше“ на пиадестал поединци, но вчера беше едноставно невозможно да се совлада „резервистот“ ван Лејвен. Како резулатат на тоа Холандија постигна доста брзи голови во транзиција и на тој начин комплетно променувајќи текот на натпреварот. За црногорците следуваат два исклучително тешки натпревари против светскиот првак Данска и „забревтаниот“ Исланд. Со една победа можен е пласман на третата позиција во групата и натпревар за 5-тото место. Македонското „дежа-ву“ од 2012-та…

ИСЛАНДСКИОТ „БАЗЕН“ СО МЛAДИ ИГРАЧИ ПОКАЖА ДЛАБОЧИНА, „РИБАРИТЕ“ И БЕЗ ДЕСЕТ ПРВОТИМЦИ ЈА СОВЛАДАА ФРАНЦИЈА

Палмарсон, Елисон, Арнарсон, Сигурсон, Густавсон, Кристијансон,Смарасон…долга е листата на играчи кои имаа(т) серозна улога во составот на Гудмундур Гудмудсон на ова ЕП, а кои од пред два дена се „позитивни“ на Ковид вирусот и не немаа можност да им помогнат на своите колеги против големата Франција. Предводени во поле од феноменлниот Омар Инги Магнусон и поранешниот успешен фудбалер, Виго Кристијансон, кои заедно постигнаа 19 погодоци и нерешливата енигма, 21 годишниот  голман на ГОГ ГУдме (од следната во Нант) Виктор Халгримсон ја „понижија“ најуспешната селекција во светот на ракометот последните 10-15 години. Исланд, иако во минатото, а и во мометов има состав на играчи со просечна висина, важи за ислучително црврста селекција која игра одлична 6-0 одбрана, плитка и подвижна, ретко губејќи дуел игра. Тоа ги прави „рибарите“ една од ретките светски репрезентации кои се конкурентни со физички силната, но синоќа компелетно некреативната селекција на Франција, која без солидна поддршка од голманите и отсуството на Квентин Мае, во добар дел од натпреварот, се потпре на играта на  младиот Ајмерик Мин. За нотирање од овој натпревар е немоќната игра на најголемиот ракометар на почетокот на векот, Никола Карабатиќ, кој како и во својот клуб, последниот период претставува поголем проблем, отколку додадена вредност на тимот. Без разлика на резултатите и феноменалните десни бекови „за извоз“, физичките предиспозиции и антрополошките предиспозиции како нација, Франција ќе биде пред сериозен предизвик да создаде квалитетен разигрувач и добар голмански пар за следните години. Спротивно на тоа, Исланд уште сега најавува повторно враќање во самиот врв и напад на титули на следните големи смотри.

Elvar ÁSGEIRSSON (36), Ómar Ingi MAGNUSSON (14), Kristján Örn KRISTJÁNSSON (23), Teitur Örn EINARSSON (24) and Orri Freyr ÞORKELSSON (28) during the handball match France vs Iceland, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 22.01.2021, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

„ДО ПЛАФОН“ МОТИВИРАНАТА И ТАКТИЧКИ ПОДГОТВЕНАТА ХРВАТСКА ПОКАЖА „ЗАБИ“ НА ДУЕЛОТ СО ГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ

Во третиот натпревар синоќа силно мотивираната Хрватска со нова тура играчи, беше и повеќе од достоен противник на големиот фаворит Данска, промовирајќи го дефинитивно Тин Луцин во сериозен капацитет на хрватскиот ракомет, играч кој игра во два правци, има одлична промена на правец, гледа црта и може да шутне надвор од 9 метри. Сепак, Ковид сосотојбата на површина исфрли и некои позитивни работи (ако може воопшто да стане збор за нешто такво). Останува горчлив вкус за хрватите фактот дека дури и една ваква Хрватска, која промени дури 35 играчи за време на ЕП, со мотивираност „до плафон“ и неспорно добра тактичка поставеност и посветненост може да го ограничи и големиот Микаел Хансен, а само пред некој ден промовирајќи „бахатост“ беше „торпедирана“ од бековите на Црна Гора.

Исланд ќе брка две победи во преостанатите две кола за пласман во полуфиналето,очекувајќи враќање на „првотимците“ и ќе биде интересно да се види како ментално ќе го поднесат притисокот за висок пласман наметнат „случајно“, младите момци на Гудмудсон.

На другата страна, следува големо скандинавско дерби Шведска – Норвешка, од кој победникот е сигурен полуфиналист.

Да уживме во врвен ракомет!

Горан Ѓоргоноски,

Поранешен ракометен репрезентативец и основач и носител на проектот Ракомет за секое дете