Преживеа мозочен удар, но се врати на терените за помалку од една година!

За нешто помалку од 11 месеци од немилиот настан Драган Марјанац се врати на официјалните натпревари.

Поранешниот српски репрезентативен голман и освојувач на сребрениот медал на Европското првенство во 2012 година во мај минатата година доживеа мозочен удар. Тоа се случи во текот на тренингот на неговиот Арау и тоа се покажа како среќа во несреќа.

„Доколку ова ми се случеше во текот на џогирање во шума или додека спиев, веројатно не би бил денес тука“, напомена Марјанац.

На почетокот на април искусниот чувар застана на голот за првпат после 25. мај, тој беше во составот на неговиот Сур Арау во шампионатот на Швајцарија. После враќањето од долгото опоравување тоа беше голем ден за поранешниот репрезентативец на Србија.

„Мојата кариера не се завршува туку-така. Чувството што сум повторно тука е непроценливо“, изјави Марјанац.

Драган Марјанац повеќе од една деценија брани во Швајцарија, а последните четири години е во екипата на Сур Арау. Во богатата кариера бранеше уште за Црвенке, Црвена Звезвда, Фиделинке, Војводина, Партизан, Пик Сегед, Толедо и Берн.