Пред три години загуби од Македонија, сега Романија го врати пак за селектор

Во баражот за Мундијалот во 2019 година Македонија беше подобра од Романија после баражот, а тоа беше двобој во кој на клупата на Романците седеше Чави Пасквал, кој тогаш беше тренер на Барселона. Истиот стратег од денеска е одново на клупата на Романија, но сега како трнер на Динамо Букурешт.

Пасквал добива нова шанса за да и донесе нови успеси на репрезентацијата на Романија. Тој доби договор на три години, па ќе биде на голем предизвик во следниот период.

„Овој тим не е лично мој, ниту на претседателот на федерацијата. Ова е тим на секој државјанин на Романија. Ни требаат сите играчи, сите тренери, треба да работиме заедно доколку сакаме да успееме со репрезентацијата. Неопходно е да се одржат состаноци, мастер класи, обуки, разговор со ментори, а тоа ќе го направиме. Имаме 52 ракометари на поширокиот список, а сакам да видам и некои нови играчи. Репрезентацијата е отворена за секого. Затоа помалку да зборуваме, а повеќе да работиме“, рече Пасквал во својот прв коментар.

Него му е добро позната работата во репрезентацијата на Романија бидејќи доаѓа по вторпат, па ќе нема проблеми со адаптацијата во сениорскиот состав.