Пред настапите на ЕП – се комплетира стручниот штаб на кадетките и младинките

По ангажманите на Кристијан Грчевски и Јулијана Дамчевска, кои ќе ги предводат кадетската и младинската селекција во женска конкуренција на престојните Европски првенства, комплетиран е стручниот штаб.

Асистент на Грчевски и Дамчевска ќе биде Дарко Јанев, кој соработуваше со Грчевски во тимот на Бутел Скопје и таму беше негов асистент.

Јанев има големо искуство во работата со младинските категории, има одлични резултати во последните години со Бутел Скопје, а работи и во Илинден Вардар со машката и женската екипа заедно со Александра Јанев.

Младинките веќе ги започнаа подготовките за настап на ЕП во Романија од 6 до 16 јули и ќе бидат во група со Данска, Чешка и Црна Гора, додека кадетките допрва ќе стартуваат со предизвиците. Нив ги чека настап на ЕП во Црна Гора од 3 до 13 август и дуели со Унгарија, Романија и Франција.