Пред Илиќ, Вујин, Маргуч…Манасков е новиот рекордер во Веспрем! (ФOTO)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков го запиша своето име во клупската историја на унгарскиот гигант Веспрем.

Тој на дуелот против Ференцварош, што Веспрем го доби со 29-25, успеа да постигне дури 16 погодоци.

Утринава унгарскиот клуб објави дека тоа е најголем број на постигнати голови на еден натпревар од еден ракометар!

Досега најмногу погодоци имаше постигнато Момир Илиќ, вкупно 14, а по 12 имаа постигнато Марко Вујин, Урош Виловски и Гашпер Маргуч.