Пред дуелот со Македонија: Франција на двоен тест со Германија

Репрезентацијата на Франција, која е еден од ривалите на Македонија во групната фаза на Европското првенство 2022, пред почетокот на континенталниот собир ќе одигра два пријателски натпревари против Германија.

Актуелниот олимписки шампион првиот контролен натпревар против Германија ќе го одигра на 30 септември во Мец, додека втората средба е закажана за 2 октомври, а локацијата за вториот контролен натпревар ќе биде дополнително позната.

Германија, исто така ќе учествува на Европското првенство, на кое Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќините на најдобрите европски репрезентации. Ракометарките на Германија ќе бидат дел од групата Д заедно со Црна Гора, Полска и Шпанија.

Франција во групата Ц освен Македонија, за ривали ги има и репрезентациите на Холандија и Романија. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза. Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се одигра на 5 ноември во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 18:00 часот.