Пред дуелот со Вардар, Порто ги продолжи договорите со шест ракометари

Управата на Порто сака да го сочува ростерот кој има одлични изданија сезонава, па како резултат на тоа го продолжи договорот со еден од најдобрите играчи, Диого Бранкињо.

Во текот на сезоната Бранкињо имаше многу добри изданија што беше причина да добие нов договор. Според новиот договор Португалецот ќе остане во Порто до летото 2022 година.

25 годишното лево крило добрата форма од Порто ја потврди и на Европското првенство кога со репрезетацијата направија историски успех со пласман на шестата позиција. Бранкињо игра во Порто од 2017 година. Пред да се пресели во Порто претходно има настапувано само до домашното првенствот и тоа во екипите на Сао Бернардо и Брага.

Во текот на претходните две седмици договорите со Порто ги продолжија и Дајмаро Салина, Мигел Мартинс, Андре Гомез, Виктор Итуриза и Анхел Ернандез.