Пред дербито: Полицијата ја „чешла“ Арената во Ховде после дојава за бомба

Неколку часа пред одигрувањето на натпреварот меѓу екипите на Ховде и Иштад ИФ во салата добиле телефонски повик при што била упатена закана за поставена бомба во салата каде што вечерва треба да се игра средбата.

Полицијата веднаш испратила свои екипи за да испитаат дали навистина има бомба, но нема конкретни информации дали нешто е пронајдено.

„Персоналот во салата добил повик, но не го препознал гласот на човекот. Тој не прицизирал каде е поставена бомбата и никој во објектот нема сознанија околу тоа. Полицијата го испитува случајот и трага по сомнителни предмети“, вели портпаролот на полицијата во Ховде, Томас Фуксборг.

Засега нема прецизни информации дали нешто е пронајдено во салата, а уште е неизвесно и дали денеска ќе биде одигран натпревар.