Пред двомечот со Македонија – Парондо ја продолжи соработката со Египет

Некогашниот тренер на Вардар и ЖРК Вардар, Роберто Гарсија Парондо, ја продолжи соработката со египетската федерација.

Новиот договор е на три месеци, заклучно со Африканското првенство во Мароко во јануари 2022 година, а потоа ќе се разговара за продолжување на соработката и до ОИ во Париз.

Челниците на египетската федерација најпрво не дозволуваа Парондо паралелно да води и клуб, но на крајот се согласија да го преземе бундеслигашот Мелсунген.

Дали таквата одлука ќе важи и по завршувањето на Африканското првенство, останува да видиме. Со Парондо на клупата, Египет бележи добри резултати и стигна до полуфиналето на Олимписките игри.

По Олимписките игри, Египет ќе се сретне на пријателски двомеч со селекцијата на Македонија во Каиро.