Прв интернационален предизвик: Органџиев се сели во Германија

Довчерашниот ракометар на Радовиш, Ангелче Органџиев ќе го има првиот интернационален предизвик, откако потпиша за клуб од Германија.

Левиот бек, кој беше еден од клучните ракометари во тимот на Радовиш, во продолжението од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе настапува за Цвикау.

Органџиев во својата кариера беше дел и од екипите на Борец, Вардар Јуниор и Прилеп.

Од тимот на Радовиш си замина и средниот бек Здравко Постолов, кој се пресели во екипата на Тиквеш.

Пред извесен период за Цвикау потпиша и ракометарот од Прилеп, Пеце Ѓорѓиоски.