Првпат по 22 години, Кил загуби три пати по ред на гости!

Бундеслигашот Кил загуби третпат сезонава во Лигата на шампионите, овојпат на гости кај францускиот Нант со 38-30.

Ова беше трет пораз за „зебрите“ во исто толку гостувања во новата сезона од елитната конкуренција.

Последен пат такво нешто му се случило на Кил пред 22 години, во сезоната 2000/01, кога по ред загуби кај португалската Брага, црногорскиот Ловќен и Барселона.

Покрај тоа, Нант ја продолжи позитивната серија против Кил. Двата претходни меча меѓу овие два ривали завршија со победа на францускиот тим и нерешено.