Првото дерби може да ја реши сезоната во Македонија

Недела е резервирана за првото големо дерби оваа сезона меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Иако двете екипи во претсезоната веќе се судрија два пати на Струшкиот турнир и во Суперкупот, ова ќе биде прв натпревар во кој влогот ќе биде поголем. Покрај императивот победа, двете екипи ќе мора да внимаваат и на гол разликата на овој дуел.

Зошто може да одлучува гол разликата?

Од оваа сезона, покрај тоа што има камбек на сехалигашите, се игра и по нов систем, во кој секој натпревар од регуларниот дел е важен пред поделбата на екипите напролет во плеј-оф и плеј-аут групи. Не е сеедно дали регуларниот дел ќе го завршите први или втори бидејќи токму таа разлика може да биде клучна на крајот на сезоната.

Под претпоставка дека Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ги добијат сите суперлигашки натпревари, и дека нивниот меѓусебен дуел во плеј-офот ќе решава за шампионската титула, натпреварите од регуларниот дел може да се покажат како клучни.

Првопласираниот од регуларниот дел во елитното друштво носи 5 бода, а вториот 4 бода во разигрувањето за титулата. Предност од 1 бод со која гол разликата од меѓусебниот дуел во пролетниот дел, нема да има никаква важност.

Што значи тоа во практика?

На пример, да претпоставиме дека двете најдобри екипи во Македонија немаат конкуренција, а Вардар и Еурофарм Пелистер се на исто натпреварувачко ниво. Покрај бодовите од другите екипи на свој, домашен, терен ќе бидат подобар противник од директниот ривал. На крајот на регуларниот дел од оваа полусезена ќе завршат со ист број бодови, а гол разликата од меѓусебниот дуел ќе одлучува кој ќе биде прв, а кој втор, односно кој од двата тима ќе влезе со бод предност во плеј оф. Бод кој ќе овозможи дуелите од плеј оф фазата да не зависат од гол-разлика, а во разигрување на новиот шампион ќе му биде потребна само една победа во меѓусебниот дуел (и тоа било каква, па дури и со еден гол за да ја осигура титулата.)

Затоа во првите две меѓусебни средби оваа сезона двете екипи освен победа ќе “бркаат” и гол разликата на свој терен. Токму тој еден бод пренесен од регуларниот дел, може да промени многу во борбата за титулата.

Првиот дуел меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 18:00 часот.