Прволигашот ги задржа најдобрите стрелци: Кузманов и Ташев во Вардар Неготино до 2024 година

Кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Ташев, кој настапува на позицијата десно крило и левиот бек Драган Кузманов, ја продолжија соработката со прволигашот Вардар Неготино.

Двајцата се обврзаа на верност кон клубот до летото 2024 година, а претходните актуелни договори им беа со важност до 2022 година.

Ташев и Кузманов се едни од најдобрите стрелци на Вардар Неготино, прволигашот што има добар старт на сезоната – со три победи на три меча.

За десното крило Ташев летово имаше многу прволигашки и суперлигашки понуди, но тој сепак реши да остане во матичниот клуб.