Прволигашка пресметка – Драчево вторпат го совлада Аеродром

Екипата на Драчево дојдоа до втора победа на контролните средби против Аеродром откако дојде до триумф од 22:20.

Двете екипи кои во пролетниот дел од сезоната ќе бидат дел од плеј-оф лигата имаа едно солидно ефикасно прво полувреме и второ во кое имаше малку голови.

После првиот дел составот на Драчево имаше 14:13 и овој гол предност беше показател дека се работи за израмнети состави во кои нијанси решаваа. Сепак, во продолжението и двете екипи повеќе внимание посветија на одбраната.

Вториот дел Драчево го доби со 8:7, па после неефикасното полувреме се дојде до конечните 22:20 со што драчевци дојдоа до уште една победа против Аеродром и најавија битка за првата позиција.