Првиот човек на ракометот во Шпанија доби нова доверба и трет мандат

Францискo Бласкез е реизбран за претседател на Кралската шпанска ракометна федерација на вонредното генерално собрание што се одржа во седиштето на шпанскиот олимписки комитет.

Бласкез беше единствен кандидат и доби едногласна поддршка, со  81  глас „за“ и 3 воздржани од вкупно 84 делегати. После реизборот претседателот не го криеше задоволството.

„Ова се тешки времиња, но ние ќе ја задржиме нашата стабилност. Иако не смееме да заборавиме од каде започнавме. Кога пристигнав во на чело на федерацијата во 2013 година, таа беше под значителен економски притисок. Но, денес сме во позитивно расположение, со буџет од 13 милиони евра. Исто така, не смееме да заборавиме дека станавме европски шампиони, а сега сме на второто место во светот и сме двократни европски шампиони. Да се ​​потсетиме како беше во ракометот на плажа во тоа време, постоеја нееднаквости меѓу мажите и жените. Сега се израмнети бонусите, платите и сите услови“, рече Франциско Бласкез за официјалната веб страница на шпанската ракометна федерација.

Пред Бласкез е неговиот трет мандат како прв човек на шпанската ракометна федерација и тој продолжува да работи со амбициозна програма во наредниот период.