Првиот тим на Еурофарм Пелистер се потеше против двојката

Ракометарите на двете екипи на Еурофарм Пелистер денеска ги одмерија силите во Битола, а резултатот делува изненадувачки со оглед на тоа што момците од вториот тим дадоа одличен отпор. Конечните 30:28 во корист на првата екипи делуваат можеби чудно, но според играта вториот состав можеше да дојде и до повеќе.

Помладите ракометари дури успеаја да го добијат првото полувреме со 14:13. Овој гол предност го одржуваа и во продолжение. Тие беа во позитива до 50. минута кога поискусните успеаја да дојдат до израз и да се изборат за предност. Пресвртот дојде во завршницата така што на крајот победата им припадна на поискусните.

Жељко Бабиќ на овој дуел играше со комбиниран состав. Им даде шанса повеќе на оние играчи кои играа помалку досега, па ова беше можност да се наметнат пред натпреварите на турнирот во Атина.

Средбите во Атина се играат од петок до недела.