Прва машка лига, Група 2: Дербито се игра во Кисела Вода

Екипите на КЛ 7 и Аеродром денеска ќе ги одмерат силите во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода каде што се очекува да има неизвесност и детали да одлучуваат кој состав ќе дојде до бодови.

Се работи за две од четирите екипи кои имаат по шест бода досега и кои најавуваат атак на врвот, па оттаму ова ќе биде средба на која секој гол ќе биде максимално важен. Никој нема да смее да се опушти и да попушта на теренот така што е сосема извесно дека ќе има битка за секоја топка.

На другите дуели Младост Богданци и ГРК Тиквеш 2014 се фаворити во Велес и во Гевгелија додека во Ресен, Преспа и Јехона ќе бидат во трка за први бодови сезонава.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО

САБОТА, 5 ОКТОМВРИ

13:00ч

ПАРТИЗАН – ГРК ТИКВЕШ 2014

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

13:30ч

КЛ 7 – АЕРОДРОМ

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.

18:00ч

ГРК БОРЕЦ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

Сала: „Гемиџии“ во Скопје. Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

НЕДЕЛА, 6 ОКТОМВРИ

20:00ч

ПРЕСПА 2015 – ЈЕХОНА

Сала: „Заре Стојановски“ во Ресен. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ТАБЕЛА: 1. КЛ 7 Лазаров 6 бода (69:40); 2. ГРК Тиквеш 6 (68:43); 3. Аеродром 6 (62:43); 4. Младост Богданци 6 (46:41); 5. Партизан 0 (41:48); 6. Преспа 0 (44:57); 7. Јехона 0 (48:68); 8. ГРК Борец 0 (34:72).