Првата машка лига со 20 екипи, познати шеширите пред ждрепка

Новата сезона во Првата машка лига ќе биде одново интересна, а во неа ќе има дури 20 екипи кои ќе бидат поделени во две групи од по десет клуба.

Тимовите ќе се борат за првите пет позиции кои напролет ќе водат во плеј-оф лигата каде што ќе има одново десет екипи. Сепак, за разлика од претходната сезона во оваа ќе се пренесат бодовите од натпреварите од тимовите од истата група, а ќе се игра само против составите кои се пласирале во плеј-офот од другата група.

Истото ќе важи и за оние кои ќе завршат од 6. до 10. позиција, а ќе играат во плеј-аутот.

Инаку, тимовите се поделени во десет шешири така што ќе има нови интересни групи во сезоната која што следува. Рангирањето е направено според пласманот кој беше остварен во текот на последната сезона.

Веќе е познато дека има еден нов тим, Алкалоид, па затоа се наоѓа во последниот шешир. Дел од тимовите се вратија од Супер лигата, а тие се во првите шешири додека повеќето играа и минатата сезона.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ШЕШИРИ ПРЕД ЖДРЕПКА

ШЕШИР 1: Голден Арт КЛ 7, Работнички

ШЕШИР 2: Јуниор Кисела вода, Младост 1977

ШЕШИР 3: Астраион, Шампион

ШЕШИР 4: Драчево, Аеродром

ШЕШИР 5: Металург РА, Вардар Неготино

ШЕШИР 6: МРК Куманово, Јехона

ШЕШИР 7: Преспа 2015, Текстилец

ШЕШИР 8: ГРК Борец, Македонија ЃП

ШЕШИР 9: Партизан 2016 Спорт, Кичево 2020

ШЕШИР 10: Риниа М, Алкалоид