Првата лига веќе има 20 екипи, бројката може да биде и поголема

Финиширањето на сезоната го даде изгледот на лигите за новата сезона, а со оглед на тоа што веќе се знае дека во новиот шампионат Супер лигата ќе брои 12 тимови јасно е дека во Првата лига остануваат 20 екипи.

Најавите се за новата сезоната дека нема да има Втора лига туку сите тимови ќе бидат во Прва лига што во моментов значи дека Првата лига брои 20 тимови.

Во оваа лига се најдоа составите кои испаднаа од Супер лигата, а станува збор за КЛ 7, Работнички, Јуниор Кисела вода, Младост и Астраион. Покрај овие пет екипи во лигата место имаат и: Шампион, Драчево, Аеродром, Металург РА, Вардар Неготино, МРК Куманово, Јехона, Преспа, Делчево Вардар, ГРК Борец, Текстилец, Македонија ЃП, Партизан, Кичево 2020 и Риниа М.

Доколку се пријават и нови тимови тогаш лигата би станала уште побројна и секако би добила на уште поголема масовност. Тогаш ќе биде познато секако и што и како ќе се случува односно по кој формат ќе се игра натпреварувањето. Секако постои можност и за откажување на некој клуб, но според континуитетот кој го имаат поголема е веројатноста лигата да има нови клубови.