По 12 години се враќаат на ракометната мапа: Ровчанин ќе ја води женската репрезентација на БиХ

Женската сениорска репрезентација на БиХ доби нов селектор по 12 години пауза од ракометни активности, а станува збор за стратегот Радан Ровчанин.

Србинот ќе се обиде во соседската земја да состави добра репрезентација за квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2022 година што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Ровчанин беше предложен од стручната комисија на ракометната федерација на БиХ, а управата на федерацијата успеа да се договори за соработка.

Ровчанин беше тренер на Вождовац и Црвена Звезда во Србија. На интернационален план ги водеше црногорските Рудар и Бисери од Плевља, а беше селектор на женската младинска селекција на Србија.