По Штрлек, Хрватска и Червар останаа и без уште едно лево крило

Додека хрватската ракометна јавност се занимава со тоа зошто првиот избор на левата крилна позиција, Мануел Штлрек, нема да игра на Европското првенство, доби уште една лоша вест.

Вториот избор на оваа позиција, што во отсуство на Штрлек ќе беше прва опција, Ловро Михиќ од Висла Плоцк, се повреди на тренинг.

Тој заработи повреда на лигаментите на коленото и ќе отсуствува од ракометните терени на подолг период, што значи дека е загубен за ЕП.

Сосема сигурно, сега прв избор на Червар ќе стане „плинарот“ Давид Мандиќ, а за минутажа ќе имаат шанса да се борат и Валентино Равниќ од Загреб и Марин Јелиниќ од Нексе.

Хрватска ќе игра во групата А во Грац, заедно со селекциите на Србија, Црна Гора и Белорусија.