По Словенија, репрезентативен собир во јуни ќе имаат Полска и Чешка

Машката репрезентација на Словенија беше првата која најави реперзентативен собир после пандемијата со коронавирусот. Љубомир Врањеш веднаш закажа собир штом беше прогласен крај на пандемијата во Словенија.

Истиот чекор го ќе го направи и женската репрезентација на Словенија која првиот собир го има закажано за 29 мај. Ова ќе биде прва средба на селекторот и ракометарките уште од нивниот настап на Светското првенство во Јапонија. Избрничките на Брегар ќе ги започнат подготовките за Европското првенство на крајот на годината.

Освен реперзентциите на Словенија, собири имаат закажано и женската селекција на Полска и машката репрезентација на Чешка. Девојките од Полска на 2 јуни ќе ги започнат 12-дневните подготовки под водство на Норвежанецот, Арне Сенстад.

Репрезентацијата на Чешка подготовките за Светското првенство во Египет 2021 година ќе ги започне на 1 јуни, но без играчите од Бундес лигата. Нивните места ќе ги пополнат играчи од домашното првенство.