По подолго време гледачи во Битола – Еурофарм Пелистер и Мешков ќе играат пред вакцинирана публика!

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест од регионалната СЕХА лига в сабота ќе се одигра пред публика.

Клубот објави детали за продажбата на влезници, која ќе започне утре, а билетите чинат 200 денари. На натпреварите ќе може да присуствуваат само вакцинирани гледачи.

„Ве информираме дека натпреварот од СЕХА лигата помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Мешков Брест кој се игра сабота 21.8.2021 година во Битола ќе се одигра со публика според предвидените протоколи. РК Еурофарм Пелистер како организатор на овој натпревар ќе ги превземе сите мерки за организацијата за натпреварот да помине со целосно почитување на протоколите и највисоко ниво на заштита. За таа цел се разбира ќе биде потребно нашите навивачи и симпатизери целосно да се придржуваат на препораките и протоколите. На натпреварот ќе може да присуствуваат само лица кои ќе приложат потврда за извршена ЦЕЛОСНА КОВИД-ВАКЦИНАЦИЈА. Билетите за натпреварот по цена од 200 денари ќе може да се купат исклучиво онлајн преку платформата за продажна на билети kartieurofarm.mk“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест ќе се одигра в сабота од 20:15 часот.