По осум месеци, Манасков се враќа на терените!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков се враќа на ракометните терени и би можел да заигра против данскиот Алборг во Лигата на шампионите.

Тој ги скина лигаментите на почетокот на октомври и по операцијата започна со процесот на рехабилитација.

Напорно тренираше во последниот период, па тренерот Момир Илиќ реши да го вметне во ростерот во една од најважните битки за Веспрем оваа сезона.

Веспрем вечерва ќе се соочи со данскиот Алборг на домашен терен во четвртфинална битка од Лигата на шампионите, а по реваншот го чека двомеч со ПИК Сегед за титулата во Унгарија.

Манасков по крајот на сезоната заминува од Веспрем и ќе има нов предизвик во кариерата.