По осум години: Нодесбо ја избричи брадата за хуманитарни цели (ВИДЕО)

Повеќе од осум години Јеспер Нодесбо беше препознатлив по неговата долга брада, но повеќе нема да биде така, а данскиот ракометар веќе има нов имиџ.

Данецот ја избричи својата брада во хуманитарна кампања во која ќе се собираат финансиски средства за помош на децата заразени со коронавирусот.

Кога Нодесбо го започна овој предизвик очекувањата биле да собере 250.000 дански круни и кога ќе достигне до оваа сума, неговата ќерка Вида ќе му ја избричи брадата во живо на ТВ.

Во хуманитарната акција беа собрани повеќе од 1 милион круни, а Нодесбо го прифати предизвикот и го одржа ветувањето, па навистина во телевизиска емисија ја избричи брадата.