По Норвешка, и Швајцарија кажа крај – шампионите ќе бидат познати наскоро!

Откако Норвешката ракометна федерација отиде чекор подалеку од сите други и не само што ги стопираше ракометните активности, туку означи и крај на сезоната, тоа го стори и Швајцарската федерација.

Поради коронавирусот најпрво натпреварите се играа без гледачи, а потоа беа откажани во сите конкуренции.

Шампионите наскоро ќе бидат објавени, а тоа во машка конкуренција ќе биде Кадетен Шафхаузен, додека кај жените тоа ќе биде составот на Брул.