По Мотор Запорожје, уште два тима од Украина ќе играат во странски првенства!

Два украински женски тима, претстојната сезона ќе ја играат во шампионатите на две соседни земји.

Галичанка Лвов, шампионот на Украина, во кој тренер на голмани и некогашната членка на Кометал ЃП, Оксана Плошчинска, ќе игра во полскиот шампионат.

Полската федерација потврди дека Галичанка ќе биде една од десетте екипи кои ќе играат во новата сезона во Првата лига, а покрај тимот од Лвов нов тим е Рух Хорзов.

Составот на Карпати Ужгород ќе се натпреварува во Третата лига на Унгарија, но без опција доколку го освои првото место да напредува ранг погоре.

Машкиот првак Мотор Запоржје, во следната сезона ќе се натпреварува во Втората Бундес лига.