По Косово – Србија, нов проблем за ЕХФ: Русија и Украина ќе играат во Белорусија?!

Репрезентациите на Украина и Русија се најдоа во иста квалификациска група за Европското првенствот во 2022 година. Противници ќе им бидат уште и Фарските Острови и Чешка.

Ова предизвикува проблеми бидејќи земјите се во меѓусебна политичка криза и сè уште не е потврдено местото на одигрување на натпреварите. Во минатиот квалификацисти циклус ждрепката беше диригирана овие две репрезентации да не можат да се соочат поради истите причини.

Претседателот на фередацијата на Украина, Андриј Мелник изрази надеж дека квалификацискиот двомеч со Русија ќе можат да го одиграат во Белорусија на неутрален терен.

„Имаме само една цел, а тоа е пласман на Европското првенство во 2022 година. Многумина се загрижени за тоа каде ќе играме со Русија. Мислам дека нашите пријатели од Белорусија нема да не одбијиат и таму ќе играме со Русија“, рече Мелник за укранските медиуми.

Русија и Украина се најдоа во групата 3 уште со репрезентациите на Чешка и Фарските Острови. Во оваа конкурнција двете репрезентации имаат добри шанси да стигнат до завршницата на турнирот.