По Косово-Србија, ЕХФ ќе има нов проблем за решавање!

На ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2022 година беше одредено во иста група да се најдат репрезентациите на Русија и Украина.

Односите помеѓу двете земји се влошени, а тоа се одразува и на спортот. Затоа ракометните федерации на двете земји се договорија квалификациските дуели да се играат во трета земја.

Генералниот директор на руската федерација, Лев Воронон за „Брз Центар“ потврди дека натпреварите би требало да се играат во Белориусија, но се чека потврда од ЕХФ.

„Разговаравме за форматот и начинот на одигрување на двата натпревари со Украина во Минск. Се надеваме дека федерацијата на Белорусија ќе не угости. Сè ќе зависи од мерките и ограничувањата според моменталната ситуација. Најпрво треба да добиеме дозвола од Европската ракометна федерација. Испративме писма и чекаме одговор. Треба да одиграме два наптревари во низа, бидејќи ќе биде тешко двата дуели да се играат во Белорусија а едниот да го играме оваа година, а вториот наредната година“, објасни Воронин.

Украина и Русија се во квалификациската група 3 заедно со Чешка и Фарските Острови. Квалификациите треба да започнат на почетокот на ноември.

Ова ќе биде нов проблем за ЕХФ, откако Косово и Србија, не можат да се паднат во иста група во квалификации.